Падна одлука: Познато уште колку најмалку ќе нема спорт во Македонија

Како што е познато, поради актуелната ситуација спортот во Македонија како и ширум светот веќе еден месец е во застој.

А така ќе биде и понатаму откако Претседателот на државата Стево Пендаровски проглеси нова 30-дневна вондерна состојба на целата територија. Тоа значи дека и во наредните 30 дена нема да има ниту еден спортски настан.

Со оглед на тоа дека вонредната состојба ќе трае до средината на мај, сигурно е дека до јуни нема да има спорт во нашата држава.

Останува да видиме дали шампионатите ќе завршат и кога или пак можеби ќе бидат прогласени за готови.