ПАДНА конечна одлука за Олимписките Игри во Токио

Она што во изминатите неколку денови са највуваше, денес доби и официјална потврда. Имено Олимписките и Параолимписките игри во Токио ќе бидат одложени за една година, информираа од организаторите.

Како што е познато, ОИ беа закажани и требаше да почнат на 24 јули, но изминатиов период сс погласни беа повиците на светската јавност да бидат одложени поради пандемијата на коронавирусот, која ги затвори границите и го парализираше светот.

Токму поради ова, јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска потврди дека Олимписките игри ќе бидат одложени.

„Предложив одложување на Олимпијадата за една година и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах се согласи без двоумење“, изјави Абе.