Падна големиот скалп – Надал елиминиран во Австралија

Доминик Тим го победи Рафаел Надал со 3:1 во сетови (7:6, 7:6, 4:6, 6:4).

Петтиот тенисер во светот се пласираше во своето трето полуфинале на Гренд слем турнирите (два пати играше во финалето на РГ), два пати го порази Новак Ѓоковиќ.

Тој во битка за финалето ќе ги однери силите против Александар Зверев, кој денеска нешто порано го победи Станислас Вавринка.

Во моментите кога се кршеше натпреварот, Доминик Тим имаше ладна глава, поради која славеше во два тај-брејка. Надал може да жали за пропуштените шанси, тој во двата сета кои ги загуби, ги загуби во тајн брејк, а имаше предност, но не успеа да ја издржи играта на противникот.