Падна голем скалп на Ролан Гарос: Серена Вилијамс елиминирана во Париз

Серена Вилијамс е елиминирана од Ролан Гарос веќе во осминафиналето од казахстанската тенисерка Елена Рибакина.

Осмата тенисерка во светот го отвори првиот сет катастрофално, губеше со 4:1. Скоро двојно помладата тенисерка Рибакина, која е 22-ра на ВТА ранкингот првиот сет го реши во своја корист со 6:3.

Серена иако пружеше привремен отпор во неколку негови, сепак немаше сили да направи изненадување, па секако нејзината елиминација во Париз е големо изненадување.

Казахстанската тенисерка во следното коло игра против Анастасија Пављиченкова.

Формата на Серена  Вилијамс оди во надолна линија и повеќето веќе ја прозиваат дека е време за пензионирање.