Падна главата на Анчелоти – на полноќ Елмас и Наполи останаа без тренер

Карло Анчелоти и официјално е отпуштен од таборот на Наполи.

Иако „наполитанките“ вечерва победија во ЛШ и обезбедија нокаут фаза, Анчелоти истакна дека оставка нема да поднесе ни под разно, па се останува во рацете на Де Лаурентис.

Но вечерва на полнок, клубот од Неапол информираше дека се збогуваа со Карло Анчелоти.

Очигледно дека претседателот Аурелио Де Лаурентис имал намера да се збогуваат со Анчелоти, но по се изгледа решиле да ја истуркаат групната фаза во ЛШ, па за да не создаваат лоша хармонија пред клучниот меч за пласман понатаму, го оставија уште овој натпревар Анчелоти.