Падна Барселона – Басконија е нов шампион во Шпанија!

На изненадување на кошаркарската публика во Шпанија, Басконија вечерва со победа во големото финале против Барселона, ја освои шампионската титула во тамошното првенство.

Басконија успеа да го сруши тимот на Светислав Пешиќ со 69:67 и да се закити со шампионскиот трофеј.

Иако по првиот дел, Барселона беше тимот кој делумно го контролираше натпреварот, сепак последните две четвртини потврдија дека и во кошарката се можни секакви изненадувања.

Драматични беа последните 10 секунди на оваа средба, кога Басконија буквално со еден квалитетно одработен напад, си ја одработи титулата против силната Барселона.

Еве како изгледаше тоа: