На Мундијалот во Катар годинава триумфираше Аргентина, „гаучосите“ по цела една вечност, го вратија златниот трофеј во своите витрини, трета титула во нивната историја.
Несомнено дека овој период во центарот на вниманието беше Мундијалот а потоа и титулата која Лео Меси и Аргентина ја освоија во финалето добивајки ја Франција.
Интересно е тоа што на теренот по натпреварот, заедно со Аргентина, славеше и познатиот готвач Нурсет Гокче, кој се фотографира со вредниот трофеј и прекрши дел од протоколите на ФИФА.
А токму од тој момент беше направен и анимиран краток филм за Мундијалот, каде централен момент доби Лео Меси и споменатиот турски месар, кој дури и во ова видео, му беше верна сенка на Аргентинецот.
It’s Christmas! ? pic.twitter.com/Hr7h93GnT1
— B/R Football (@brfootball) December 25, 2022