Па не е се така црно за Македонија: Рамо до рамо сме со Данска, Франција и Русија

Полека но сигурно се смируваат страстите и набојот кој владееше во јавноста по елиминацијата на македонската ракометна селекција од ЕП 2020.

Па луѓе не е се така црно, можеме да си најдеме добра утеха, па погледнете кој се испаднаа од шампионатот. Една Данска кој е актуелен светски шампион и притоа двократен европски и еднаш олимписки шампион.

А што да кажеме пак за Франција која е шесткратен светски, трикратен европски и двократен олимписки шампион.

Отпадна и една Русија која исто така е трофејна со две злата на СП и по едно на ЕП и на Олимпијадите.

На крајот на денот ова е спорт, некогаш губиш, некогаш добиваш, некогаш си на дното, некогаш на врвот.