Па дали е можно: Судијата се симна од столчето и спречи уште поголема пресметка

Деновиве се оддржуваше турнир во Орлеанс, а од таму ни доаѓа еден интересен момент, односно инцидент на двајца тенисери.

По завршување на мечот помеѓу Корентин Муте (ФРА) и Андријан Андреев (БУГ), се случи прво физички контакт, а потоа и нешто пожестока борба на мрежа.

На оваа средба победа оствари бугарскиот тенисер со 2:1 во сетови, а при поздравот, едниот од нив бурно реагираше по поздравот и тоа отиде во непосакуван правец.

Несомнено дека ова се случи пред очите на судијата и скоро извесно следува казна веројатно и за двајцата, а уште се анализира што била причината за оваа бурна реакција.