Овој човек ѝ пркоси на гравитацијата: Нов светски рекорд во скок во височина

Еден од најдобрите атлетичари во денешно време, Швеѓанецот Арманд Дуплантис, постави нов апсолутен светски рекорд во скок во височина на завршницата на Дијамантската лига во американскиот град Еуген, скокнувајки 6.23 метри.

Олимпискиот победник од Токио, односно двократниот светски шампион од Еуген и Будимпешта, беше и досега рекордер, но сега го поправи и надмина.

На отворено минатата година на истото место скокна 6,21 метар, додека на почетокот од оваа годинава во Франвија, во Клермон Феранд, скокна 6,22 метри.

Не се сеќавам на скокот, смртно сум сериозен, само знаев дека ќе биде доста близу“, порача 23 годишниот шведски атлетичар.

Младиот Швеѓанец порача дека со светскиот рекорд сакал на фантастичен начин да ја заврши извонредната сезона.

„На трибините беше моето семејство, така да чувството е неверојатно, поготово кога знаеш дека те гледаат луѓето кои те прават најсреќен“, се надоврза Дуплантис.