Оваа сезона ќе сведочиме на историски момент во Формула 1

Спринт трките ќе бидат воведени на три патеки, откако ФИА и екипите учесници на шампионатот дадоа зелено светло.

Должината на квалификациските трки во спринт ќе биде 100 км, а ќе се одржи во сабота попладне и ќе го одреди почетниот редослед за трката во недела која ќе се вози во целосна должина.

Почетниот редослед за трката во спринт ќе го решаваат квалификациите што ќе се одржат во петок попладне, користејќи го моменталниот квалификациски формат.

Новиот формат за викенд што Ф1 сака да го испроба ќе има две слободни тренинзи – една ќе се одржи во петок пред квалификациите и една во сабота наутро.

Новина е што возачите ќе соберат поени во квалификациите. Така, победникот ќе добие три бода, второпласираниот два бода, а третопласираниот еден бод.

Да потсетиме, ФИА веќе воведе правило возачот кој има најбрз круг на трката да добие еден поен, така што, да речеме, еден возач може да освои максимум 29 поени за време на викендот. Три бода за триумф во квалификациите, 25 поени за триумф на трката и еден бод за најбрзиот круг на трката.

ФИА верува дека новите правила ќе воведат дополнителна возбуда во Формула 1.