Многумина се прашуваа зошто Рафаел Леао одби неверојатно богата понуда од Саудиска Арабија, а по неговата последна изјава, станува јасно зошто избраил да остане во Европа.
Трендовите периодов се дека скапо платените играчи кои добиваат понуди од богатите клубови од Саудиска Арабија, ги прифаќаат, со цел да заработат многу милиони за неколку сезони фудбал.
Но случајот со Леао е за поздравување, бидејки ова лето тој беше еден од ретките кој одолеа на богатите милионски понуди и реши да остане во Европа.
„Имав понуди од Саудиска Арабија, но Лигата на шампиони за мене вреди повеќе од плата од 10 милиони евра. И понатаму не сум ги исполнил своите цели овде, за да одам во таа лига. Фокусиран сум на Милан и сакам да остварам големи работи за овој клуб, затоа и потпишав нов договор пред неколку месеци“, порача Леао.
Рафаел Леао имаше добар почеток на сезоната во Серија А, тој им обезбеди и победа на Милан последното коло против Верона.