Ова сигурно не го очекуваше: Ајде брату, ајде Ибра, одиме во ринг!

Златан Ибрахимовиќ ја заврши својата професионална фудбалска кариеа, а само пред неколку дена доби интересен боксерски предизвик.

Ибрахимовиќ последните 20 и кусур години, пленеше по терените со неговите акробации и по тоа беше познат најмногу, но сега доби боксерски предизвик, го прозва инфлуенсерот KSI.

Споменатиот инфлуенсер KSI, знае дека Ибрахимовиќ има одредени такевондо потези и смета дека дуелот помеѓу нив ќе предизвика големо светско внимание.

Би сакал да се оствари овој дуел, би било неверојатно. Го гледав додека удира во вреќа, изгледа како да знае добро да удри. Ајде брате, одиме во ринг“, му порача инфлуенсерот на Ибрахимовиќ.

Иако Златан Ибрахимовиќ важи за „жестоко момче“ или сега веќе ветеран, тешко е веројатно дека тој ќе прифати таков дуел во рингот за кој сепак и не е спеицијализиран.