Ова никој не го очекуваше: Брутална критика до Вимблдон поради една одлука

Од Лондон доаѓа критика на сметка на Ол Ингланд Клаб, поради забраната на руски и белоруски играчи да се натпреваруваат на овогодинешниот Вимблдон.

Директорот на тенискиот клуб „Кингстон Риверсајд“, Самир Тактак, ја осуди одлуката која ги спречува руските и белоруски тенисери да се натпреваруваат на Вимблдон поради ситуацијата во Украина.

Според мене, ваквото однесување е апсолутен срам за играта и спортската неутралност. Изгледа дека го изгубивме моралниот компас. Изгледа дека им диктираме на играчите да мора да ги прифатат нашите услови и наратив, или да бидат казнети поради различно размислување. Ова не е демократија, туку автократија. Спортот треба да биде неутрален и ниту еден граѓанин, не треба да биде казнет поради постапките на неговата влада“, порача Тактак.

Вимблдон уште претходно најави дека се блиску до одлука да ги блокираат руските и белоруски тенисери, а од пред некој ден тоа е официјално.