Ова никогаш не било: Тандем во јапонски клуб заедно има 93 години

Ова никогаш не било: Тандем во јапонски клуб заедно има 93 години

Јапонскиот клуб Јокохама ФЦ влезе во историјата на фудбалот по тоа што го има највозрасниот тандем кој некогаш се појавил на терените.

Двете легенди на овој клуб Казујоши Миура и Шунсуке Накамура од вчера се соиграчи, а двајцата заедно имаат 93 години. Повозрасен е Миура кој е 52-годишен, 11 години помалку има Накамура.

Двајцата имаат блескави кариери. Онаа на Миура трае 33 години, а играше во Бразил, Јапонија, Италија, Хрватска и Австралија. Накамура подолго играше во Европа и во попознати клубови: Реџина, кога овој тим беше стандарден во Серија А, Селтик и Еспањол.