ОВА Е ЗА ГИНИС: Индијката има 94 години, а освојува златни медали во атлетика

Индијката Бахвани Деви Дагар, која има неверојатно, но вистинито, 94 години, испиша историја во Финска на Светското првенство во атлетика за постари од 35 години.

Дагар освои златен медал на трката на 100 метри.

На завршеното натпреварување неодамна World Masters Athletic Championship, кој се оддржува во Тампере, Финска, Дара на трката на 100 метри мина време од 24,74 секунди.

Дагар освои и две бронзи во фрлање кугла, пренесува порталот Лајфстајлеж и додава дека резултатот кој го остварила оваа стара госпоѓа докажува дека годините се само бројка и не се пречка за било што.