Ова е неговата најлоша страна: Ѓоковиќ со пцовки кон недисциплиниран навивач

Новак Ѓоковиќ вчера се пласира во полуфиналето од Мастерс турнирот во Рим, со победата над Феликс Оже Алијас.

Иако мечот беше решен во два сета, беше доста неизвесно и тесно, а и самиот Ѓоковиќ беше доста нетрпелив и нервозен на моменти, а тоа го покажа преку своето издание.

Во една прилика од вториот сет, одреден човек од трибини зборуваше и за време на еден поен, Ѓоковиќ буквално збесна.

Молчи бре!“, беше неговиот извик кон трибините, што јасно укажа дека Ѓоковиќ е нервозен и неконцентриран поради недисциплина на трибини.