Ова е најлудата кацига во Формула 1: Ландо Норис најде начин да привлече внимание

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе носи навистина луда кацига на Големата награда на Мајами.

Британскиот возач ќе се појави со кацига која потсетува на кошаркарска топка, а ја објасни и причината зошто го избрал овој дизајн.

“Гледав луѓето како играат кошарка и мислев дека изгледот на кошаркарската топка ќе биде кул како кацига. Го направив тоа. Има убави детали, логото, моето име и други работи”, рекол Норис.

Британецот е на шестата позиција во генералниот поредок пред Големата награда на Мајами. Тој на претходните четири трки освои вкупно 35 поени и се надева дека ќе може да продолжи со добри резултати и на Флорида.