Откриено колку заработува најдобриот мотоциклист на денешницата

Марк Маркез со години е најдобар мотоциклист во светот. Шпанецот на моторцикл Хонда освојува шампионски титули од година во година.

Маркез во Хонда заработува вистинско богатство. Директорот на Дукати, Паоло Цабати то го открил додека зборувал за евентуалното пристигнување на Шпанецот во италијанскиот тим.

“Не е точно дека не контактиравме со него, но тој ни рече дека негов приоритет е да остане во Хонда. Јапонците му обезбедиле плата која, ако не и 20, е 15 милиони евра годишно”, рече Цабати.

Патем, Маркез на почетокот на годината потпиша нов четиригодишен договор со Хонда, и сосема е јасно каде сака да биде во иднина.

Новата сезона на Мото ГП треба да започне на 19 јули на патеката во Херез, Шпанија.