Откриено кои се „марсовците“ со Златните топки

Во Париз се одржа церемонијата на доделување на Златната топка.

Организаторот на Франс Фудбал се потруди се да изгледа гламурозно како што доликува на најпрестижната индивидуална награда во светот.

На крајот за најдобар беше прогласен Лионел Меси кој по седми пат во кариерата ја освои Златната топка, овој пат како играч на ПСЖ.


Во женска конкуренција за најдобра е прогласена Алексија Путелас која настапува за женската екипа на Барселона.

Пред натпреварот, сцените од париските улици привлекоа големо внимание бидејќи две лица беа снимени како ставаат две златни топки во багажникот на скапо Ферари.

Многумина се прашуваа кои се „марсовците“ кои ја имаа одговорноста да ги пренесат Златните топки во театарот Кахтелет каде се одржа церемонијата.

Тоа го направија возачите на Формула 1, Фернандо Алонсо и Естебан Окон, кои се соиграчи во алпскиот тим.