Откриено: Бејл ќе мора да го отстапи своето место за новото засилување, а тоа е не е Азар!

Мадриѓаните имаат јасен план кој е во стилот на Перез, момчето кое ветува и е маркетиншки потенцијал е мета на „Кралевите“. Но, како да се ослободат од договорот на Бејл.

Во Реал не се задоволни од Герет Бејл и тоа не е тајна.

Постојат две причини за тоа. Првата е што никако не успева да ги залечи повредите, ги доживеа дваесетина за овие четири и пол години во Мадрид, но втората, поважната причина е што не успеа да го замени Роналдо на ниеден начин.

Ако се зборуваше дека Роналдо го гуши, дека не може да преземе одговорност, дека не игра на својата позиција, сега Португалецот го нема, а Бејл не прави разлика.

Тој има цврст договор и нема желба да се врати на Островот, особено не во Челзи како што се сугерира и наводно се подготвува трампа за Азар. Ни Јунајтед не е интересен, особено овој Јунајтед кој не е атрактивен, а неговиот менаџер Барнет ја отвори можноста тој повторно да заигра со Роналдо, во Јувентус.

Цената на Бејл во моментов е 100 милиони евра, Јувентус би можел да го плати тоа, но платата на Бејл од 15 милиони евра годишно никако.

Зошто Перез сака да се ослободи од Велшанецот?

Наводно, според шпанските медиуми, мета е вториот најдобар млад играч на светот, Кристијан Пулишиќ. Американскиот репрезентативец е мета и на Челзи и Ливерпул, Дортмунд наводно би го пуштил летоска за 80 милиони евра, но ова би бил и маркетиншки потег. Американец во Реал секако значи и начин за Реал да ја подобри својата позиција во Северна Америка.

Но, треба некако да се ослободат од Бејл, со тоа што ќе се обидат да го доведат и Азар. Сепак, договорот од 15 милиони евра е нешто од што некогашниот фудбалер на Тотенхем нема да се откаже лесно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Го нема Нејмар – нема проблем: Ете зошто Мбапе го нарекуваа „вонземјанин“

Дали со ова Мурињо најави кој клуб ќе го презеде: Ништо не сокри од новинарот

(ВИДЕО) Икарди во живо ја проследи пораката од фановите на Интер: Предавнику, оди си!

Денес нова трагедија го потресе регионот: На натпревар почина 19-годишен фудбалер

Реал беше понижен од Џирона, а се најде „маж“ од нивните редови кој призна: Јас сум виновен за се!

Мурињо даде одговор дали и колку го гледа Јунајтед по отказот во декември

Фелипе од Вардар со жестока порака до ФФМ: Срамота, МАФИЈА!

ВИДЕО: Интер знае да победува и без Икарди

Самиот на себе си е конкуренција: Рамос е апсолутен рекордер според црвени картони!