Рафаел Надал се повреди и нема да биде дел од првиот гренд слем годинава Австралија Опен.
Изминатите неколку години често слушавме за негови повреди и тоа сега зема се поголем замав, а годинава најверојатно ќе биде негова последна во кариерата.
Шпанскиот тенисер ја воодушеви публиката со враќањето во Бризбејн, но по неколку кола повторно дојде разочарување и навивачите беа свесни дека тој годинава приоритетот ќе го стави само на Ролан Гарос.
Тој беше запрен од Џордан Томпсон во Бризбејн, а сега новинари од Шпанија тврдат дека повредата и не била така тешка за Рафаел Надал, односно дека можел да игра во Мелбурн.
Како што тврдат новинари од шпански АС, повредата на Надал би можела да биде санирана и заздравена за една недела и тој би можел да игра на Австралија Опен, но бидејки не сакал да ризикува да ја зголеми повредата, затоа се откажал од турнирот, за да може силите да ги сочува за Ролан Гарос.