Откриена причината за незадоволството на Меси, готов билетот за во еден правец!?

Договорот на Лионел Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната и прашање е дали ќе го продолжи. Сега има нови најави дека нема.

Откако Меси во 2021 година се пресели од Барселона во ПСЖ, се споменува негово можно враќање во Каталонија, а сега повторно е вклучена таа опција.

Иако неговиот татко Хорхе Меси, кој е и негов агент, се лути кога ќе го прашаат за тоа, желбата на Меси наводно е да се врати во клубот во кој беше 21 година.

Договорот на аргентинската ѕвезда со ПСЖ истекува во јуни 2023 година, а тренерот Кристоф Галтие потврди дека преговорите за продолжување веќе се во тек.

Меси на крајот на 2022 година имаше договор со францускиот шампион, но причината поради која сега се колеба е наводно фактот што ПСЖ повторно испадна од Лигата на шампионите во осминафиналето.

Под овие услови бесот на Меси е сосема очигледен, а француските медиуми пишуваат дека е создадена дистанца помеѓу играчот и клубот, а се чини дека Аргентинецот веќе ја одбил понудата на Парижаните.

Таткото на Меси, Хорхе во последно време се почесто се среќава со претседателот на Барселона Жоан Лапорте, а тренерот Чави доста често разговара со напаѓачот.

Најголемата пречка сепак е финансискиот дел. Доколку Барселона сака да го врати, на лето ќе мора да продаде уште играчи за да го плати Меси.

Доколку не се оствари враќање во Барселона, Меси сепак би можел да го избере Интер Мајами, опција за која претходно се разговараше. Заинтересиран е и Ал Хилал од Саудиска Арабија.