Откажана МотоГП трката во Аргентина поради „актуелни околности“

МотоГП трката за Големата награда (ГН) на Аргентина што требаше да се вози на патеката Термас де Рио Ондо на 7 април, трета трка во сезоната, е откажана и нема да биде презакажана.

Причината за тоа е економската криза со зголемена инфлација во Аргентина.

Од МотоГП соопштија дека промоторот на трката „не може да ги гарантира потребните услуги“ за одржување на настанот. Но тие се надеваат дека трката ќе се врати во МотоГП календарот за 2025 година.

Минатата недела, десетици илјади Аргентинци им се приклучија на протестите против претседателот Хавиер Милеи. Најмалку 40 отсто од населението во Аргентина живее во сиромаштија, според официјалните владини бројки.

Сезоната во МотоГП шампионатот започнува на 10 март со трката за ГН на Катар и завршува na 17 ноември со ГН на Валенсија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО