Откако си замина Лампард – Њукасл им го лапна најдобриот играч на Евертон

Богатите сопственици на Њукасл, го обезбедија првото зимско засилување овој трансфер период.

Њукасл го потврди доаѓањето на напаѓачот на Евертон, Ентони Гордон, за кого исплатија 45 милиони евра.

Челниците на Евертон потврдија дека се договориле со првите луѓе на Њукасл и дека наскоро трансферот треба и дефинитивно да биде обелоденет со сите финансиски детали.

Гордон во следните 48 часа ќе ги комплетира медицинските прегледи и ќе потпише договор со клубот кој се повеќе напредува на табелата во Премиерлигата.

Сезонава Гордон одигра 16 натпревари за Евертон и постигна три погодоци. Но неговите добри игри останаа во сенка на катастрофалните резултати на „карамелите“, кои се борат за опстанок.