Откако Астон Вила загуби, остана само несовладан тим во топ-5 лигите!

Астон Вила вечерва го расипа максималниот ефект од почетокот на новата сезона и го доживеа првиот пораз во Премиер лигата.

Никој не очекуваше дека тимот од Бирмингем ќе остане последен што нема да ја почувствува горчината на поразот, но по триумфот против Ливерпул со 7-2, стана јасно дека има некоја магија во таа екипа. Сепак, по поразот од Лидс, во топ-5 европските лиги остана само еден тим кој уште не е поразен сезонава.

Станува збор за Милан, лидерот во италијанското првенство кој по четири одиграни натпревари има максимални 12 бода. „Росонерите“ в понеделник ја пречекуваат Рома што за нив ќе биде второ големо дерби во низа во рамките на Серија А.