Новак Ѓоковиќ пред неколку дена го освои Вимблдон и дојде до својата 21 гренд слем титула во кариерата.
Неколку дена потоа, тој ја посети Босна и Херцеговина и во местото „Високо“ отвори тениски терени и стадион со сопственото име.
Тој одигра и неколку егзибиционистички натпревари и добро се забавуваше, а го имитираше попатно и Рафаел Надал.
Ѓоковиќ го изведе целиот ритуал на Рафаел Надал пред сервисот, а публиката на тоа реагираше со насмевка и позитивно.