Освои многу трофеи и награди со Јуве, но се уште жали за еден натпревар

Џорџо Кјелини имаше долга кариера во дресот на Јувентус, но сепак има нешто што го мачи бидејки не му се остварило.

Дефанзивецот на Јувентус жали за тоа што не успеал поради повреда, да биде дел од првиот тим на „старата дама“ во финалето од ЛШ во 2015 година во Берлин против Барселона.

Она по што најмногу жалам е тоа што не успеав да бидам дел од првиот тим на Јуве во ЛШ финалето во Берлин 2015 годна, жалам бидејки таа сезона беше фантастична, заслужив да играм“, се исповеда Кјелини.

Тој заедно со Џиџи Буфон, долго сонуваа за тој трофеј во дресот на Јувентус, но не го исполнија.