Освен Икарди, Интер „случајно“ продаде уште еден играч

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Ивица Олиќ, признава дека Интер е блиску до договор со Баерн Минхен за трансферот на Иван Перишиќ.

Хрватскиот интернационалец кој беше пратен на позајмица во Минхен, очигледно им е по терк на управата и новиот тренер, па веројатно ќе ја продолжи одисејата со германскиот клуб.

„Во Баерн Минхен се среќни со Иван Перишиќ, сега баварците ќе се обидат да му ја спуштат цената поради пандемијата, па верувам дека во следните 2-3 недели ситуацијата ќе биде завршена, ќе биде постигнат договор“, тврди Олиќ.

Со оглед на тоа дека Конте и Интер сериозно размислуваат за летно проветрување, Перишиќ како и Икарди, ќе бидат продадени, за да се ослободи простор а и секако финансии за нови трансфери и инвестиции.

Се верува дека трансферот на Перишиќ може да изнесува 45 милиони евра, Хрватот оваа сезона забележа 25 натпревари во сите конкуренции за Баерн Минхен. Во 1300 минути кои ги одигра на терен постигна пет голови и запиша 8 асистенции.