Ништо во Наполи не функционира како што треба на почетокот од новата сезона, па и не е изненадување тоа што актуелниот шампион има големо изненадување во однос на лидерот Интер по само пет одиграни кола.
Меѓу другото, лоша е и атмосферата во екипата за што доказ е конфликт меѓу напаѓачот Виктор Осимен и тренерот Руди Гарсија кој можеше да се забележи во 86. минута од неделниот натпревар против Болоња. Осимен прво промаши пенал кој веројатно ќе му донесеше победа на Наполи, а потоа направи скандал при излегувањето од теренот, влегувајќи во жестока расправија со тренерот.
Сепак, Ниегиерицот се спаси од парична казна за својата постапка бидејќи на вчерашниот тренинг им се извинил на соиграчите и тренерот и признал дека таа не била приккладна. Наполи во моментов е на седмата позиција на табелата во Серија А, а последната победа ја забележа на 27 август, против Сасуоло со 2-0.