Организаторот на турнирот во Мајами се обиде да ја објасни ситуацијата со Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ и официјално се откажа од Мастерсот во Мајами, пред се поради тоа што не му дозволуваат влез во Америка поради ковид19 протоколите кои се уште владеат во таа земја.

Ѓоковиќ има шест титули од Мајами, а сега се повлече од жрепката, затоа што очигледно дека властите во Америка нема да ги менуваат правилата посебно само за еден тенисер.

Директорот на турнирот во Мајами, Џејмс Блејк, инаку екс тенисер, се огласи поради целата ситуација со српскиот тенисер.

Се обидовме да го доведеме Ѓоковиќ, да му обезбедиме присуство на турнирот, но до тоа не дојде. Ние секогаш посакуваме да ги имаме најдобрите тенисери на турнирот. Се обидовме да разговараме со Владата, но таа одлука не беше во наши раце, немавме моќ да издејствуваме негово учество на турнирот“, порача Блејк.

Враќањето на Ѓоковиќ треба да се случи во април, кога на програмата ќе биде Мастерсот во Монте Карло, што ќе ја отвори сезоната на земја.