Организаторот на Австралија Опен, донесе конечна одлука за турнирот

Скоро извесно е дека организаторот на Австралија Опен, нема да донесе одлука за одложување, односно пролонгирање на првиот Грен слем турнир оваа година.

Денеска од Мелбурн соопштија дека скоро сигурно се ќе се движи според планираното, без оглед на сите проблеми со воздухот поради големите пожари кои ја зафатија оваа земја.

„Многу се шпекулираше за Австралија Опен, откажување или одложување нема да има, сепак турнирот ќе се игра според планираното“, порача директорот на турнирот, Крег Тил, а веста ја пренесува БиБиСи.

На лушето од Мелбурн деновиве им беше советувано да останат во своите домови, пред се поради големото ниво на загаденост, но турнирот кој е почеток на една нова сезона, сепак ќе се игра во регуларен тек.

Турни рот стартува во понеделник, титулите ги бранат Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака.