Пред крајот и по завршувањето на првото полувреме од вечерашниот дуел меѓу Интер и Милан, двете ѕвезди на миланските екипи Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку имаа своја вербална пресметка која за малку не прерасна во физички дуел.
Двајцата си зборуваа во лице, се туркаа, а италијанските медиуми вечерва објавија што си рекоa еден на друг.
„Оди и работи ги своите вуду ср*ња, магаре“, му рекол Ибрахимовиќ на Лукаку.
„Да те е*ам и тебе и жена ти, нешто рече за мајка ми?“, врати Лукаку.
Се разбира дека тоа не е се што си кажаа, вербалната војна траеше неколку минути, но веројатно претстојните денови ќе ги дознаеме и останатите детали.