Она што го сторил Ѓоковиќ по победата над Надал во Мелбурн 2012, не им се допаднало на Надалови

Некогашната британска тенисерка Анабел Кроф, открива интересен детал од ривалството помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Крофт се присети на ситуацијата од мечот 2012 година, по еден од најдобрите мечеви во историјата на тенисот, во кој што Новак го победи Рафал и освои титула во Австралија.

Што се однесува до прославата, тоа беше интересен момент во кој Ѓоковиќ ја искина својата маица. Се сеќавам на ситуацијата кога бев во авионот и се враќав од Австралија, откако Надал го загуби тој трилер со Ѓоковиќ“.

„Тренерот на Надал, неговиот вујко Тони, во авионит ми рече дека на нивниот тим не им се допаднал моментот кога Ѓоковиќ ја кине својата маица во прославата по победата“, тврди Британката.

Седум години подоцна, Новак Ѓоковиќ повторно го победи Надал во Австралија, но овој пат немаше таква ситуација со маичката на српскиот тенисер.