Она што го оствари Верстапен во Катар е помалку фрустрирачки за Волф и Мерцедес

Во последните четири трки, главните претенденти за титулата, Луис Хамилтон и Макс Верстапен, победија по два пати, а до крајот на сезоната има уште две трки.

Верстапен има предност од 8 бодови пред актуелниот шампион Луис Хамилтон, па затоа ќе биде интересен секој потег, секое престигнување, секоја стотинка на патеката.

На последната трка во Катар, триумфираше Луис Хамилтон, но бодот за најбрз круг го освои Макс Верстапен, нешто кое создава фрустрација кај шефот на Мерцедес, изјави Тото Волф.

Ние доминиравме и триумфиравме во Катар, но Верстапен освои бод за најбрз круг, тоа создава чувство на фрустрација кај нас“, истакна Тото Волф по последната трка.

Луис имаше контрола над трката од почетокот до самиот крај и тоа е добар показател на она што очекуваме да се случува во Саудиска Арабија и Абу Даби“, се надоврза Волф.