Олмо го раскинува договорот со Барселона по половина година?

Трансфермаркт пишува дека Дани Олмо (26) би можел да ја напушти Барселона без отштета по само шест месеци од пристигнувањето во клубот!

Ас пак тврди дека на одличниот шпански напаѓач му се заканува опасност да не биде пријавен до крајот на сезоната во Ла лига. Тој е пријавен само за воведниот дел од сезоната, откако Барселона го искористи правилото според кое поради повреди на играчите и беше дозволено да внесува нови играчи.

Летово Олмо пристигна во Барселона од Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра, кој зголемен за бонуси кои ќе ја пробијат границата од 60 милиони.

Шпанските медиуми пишуваат дека на Барселона ќе и бидат потребни 50 милиони евра за продолжување на регистрацијата до 31 декември.

Неодамна каталонски спорт тврдеше дека клубот е во преговори за „продажба на ВИП места на стадионот во следните 20 години, што треба веднаш да им донесе 200 милиони евра“. Но се’ уште ништо не е реализирано од тоа и Барселона е во паника.

Според информациите од Шпанија, Олмо е многу несреќен во клубот и некои медиуми пишуваат дека повеќе не може да ја поднесе драматичната ситуација.

По доаѓањето од Германија управата му вети дека се’ ќе биде во ред и оти ќе нема проблеми со регистрацијата, но сега Барселона се соочува со најлошото сценарио.

Олмо стави клаузула во договорот која му гарантира раскин на договорот доколку има проблем со регистрацијата.Тој не настапи во првите две кола од Ла лига бидејќи не беше пријавен. Досега тој за Барселона одигра 12 натпревари, од кои повеќето на позицијата офанзивен играч за врска.

Тренерот Ханси Флик го користеше и како централен играч за врска и двапати на лево крило. Постигна шест гола, од кои еден на три натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ) и пет на девет натпревари во шпанското првенство и веднаш се наметна како еден од најважните играчи на Барселона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО