Оливера Наковска-Бикова осма во воздушен пиштол на ПОИ во Париз

Македонската спортистка Оливера Наковска-Бикова го освои 8. место во дисциплинаѕа воздушен пиштол – 10 метри на Параолимписките игри (ПОИ) 2024 во Париз.

Наковска – Бикова, во квалификациите го освои петтото место со резултат од 558 кругови. Таа заврши како шестопласирана, меѓутоа Иранката, Шахи беше дисквалификувана при контролата на оружјето, не држеше доволно тежина нејзиниот пиштол.

– Во финалето, работите не се одвиваа според очекувањата, премногу нервоза, тремор…, и на крај 8. место во конечен пласман. Ова се шести параолимписки игри на кои настапува Оливера и на секоја од нив таа влегуваше во финале, вистинска потврда на квалитет. Утре е нов ден, нова можност, не чека нова дисциплина за два дена П3- Спорт пиштол 25 метри, истакна по финалето тренерот на македонската репрезентација, Бранимир Јовановски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО