„Олимписките игри би можеле да бидат откажани во последен момент“

Шефот на организацијата на Олимписките игри во Токио, Тоширо Муто, не ја исклучи можноста за откажување на Игрите во последен момент.

Запрашан на прес-конференција дали Олимписките игри можат да бидат откажани поради зголемувањето на бројот на луѓе со корона вирусот, Муто рече дека ќе ги следи бројките и ќе има консултации со колегите доколку е потребно, пренесе Ројтерс.

Церемонијата на отворање на Олимписките игри е закажана за во петок, но утре ќе се играат неколку натпревари во софтбол и фудбал.