Олимпискиот комитет воспоставува манифестација „Златна Олимпија“

Олимпискиот Комитет на 20 Декември 2021 година, за прв пат ќе ја одржи манифестацијата „Златна Олимпија”.

Овој настан има за цел да ги прослави спортските успеси и достигнувања на жените и девојките во спортот и да ја афирмира заложбата и пораката за поддршка на родовата еднаквост во спортот.
Настанот кој се воспоставува од оваа година, а ќе биде традиционален, има цел да ги потврди спортските достигнувања на жените спортисти и да даде стимул за поголеми спортски достигнувања во иднина.

На овој настан ќе се доделат награди во десет категории на нашите најуспешни спортистки.
Манифестацијата е од затворен тип и истата ќе може да ја проследите на телевизија Канал 5, на 26.12.2021 (недела) со почеток во 17:00 часот.