Олимпискиот комитет потпиша Меморандум за соработка со Центарот за интеркултурен дијалог

Македонскиот олимписки комитет (ОКСМ) денеска воспостави официјална соработка со Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД).

Меморандумот потпишан од двете страни ќе се реализира преку повеќе облици. Целта е да се развијат и обезбедат квалитетни можности за учење во рамките на неформалното образование за различни групи граѓани, но и да се поттикне развојот на спортот и спортските активности меѓу граѓаните од различни возрасни категории.

Двете страни заеднички ќе работат на олеснување на системите за поддршка на младите и спортистите, како и механизмите за учество преку квалитетна младинска работа, спорт и развој на инклузивни политики.