Олимпискиот комитет финансиски ќе го помага Бошко Стаменковски

Бошко Стаменковски е еден од ретките во Македонија кој се занимава со малку познатиот „Пауер лифтинг“, поддисциплина во боди-билдингот.

По големите успеси на меѓународен план последните години, неговиот квалитет и успеси ги препознаа првите луѓе на Олимпискиот комитет на Македонија на чело со Даниел Димевски кој денеска со него потпиша договор за соработка и финансиска помош. Меѓу другото, Стаменковски е носител на светскиот рекорд во правење склекови бидејќи за една минута направил 77, со заклучување. Рекордот е поставен во декември 2018 година.

Со оглед на тоа што минатата година, спортот во светот беше суспендиран поради пандемијата со корона вирусот, најплодна година на шампионот од Македонска Каменица е 2019 во која тој настапи на 15 натпреварувања, учествуваше на пет европски и пет светски натпревари и околу 50 турнири.