Олимпискиот шампион Јакоб Ингебригцен, заедно со браќата Филип и Хенрик го обвинија нивниот татко и поранешен тренер Ѓерт за физичко насилство и малтретирање во колумна објавена во весникот VG.
На Ѓерт неодамна му беше ускратена можноста да биде член на норвешката експедиција на Светското првенство во сала во Глазгов и на Олимписките игри 2024 година во Париз.
„Кога раскинавме со Ѓерт, мислевме дека ќе успееме да ја решиме ситуацијата по мирен пат, без да ги споменеме основните околности. Сега сфаќаме дека тоа не е можно. Оваа работа толку многу се разгоре и имаше толку многу последици што чувствуваме одговорност да ја расчистиме. Пораснавме со татко кој беше многу агресивен, го контролираше нашето однесување, а во текот на нашето растење употребуваше физичко насилство и закани. Сè уште ја чувствуваме непријатноста и стравот што е во нас уште од детството. Некако го прифативме. Живеевме со него и продолживме во зрелоста. Барем така мислевме. Но, пред две години повторно се појави истата агресија и физичка казна. Тоа беше последната капка. Пред две години ни беше доста. Во тој момент решивме да раскинеме со татко ми. Тогаш исто така стана невозможно да се продолжи со него како тренер“ пишува во колумната.
Јакоб Ингебригцен е олимписки шампион од Токио на 1500 метри, а на СП во Јуџин и Будимпешта беше најдобар на 5000, додека на ЕП со 1500 и 5000 беше прв во 2018 година во Берлин и 2022 година во Минхен. Освои и бројни втори и трети места.
Хенрик е поранешен европски шампион на 1500 метри од 2012 година во Хелсинки, додека Филип славеше во истата дисциплина во 2016 година во Амстердам.