Олимписки денови Ресен 2021

Во насока на развој на олимпискиот дух и развојот на спортот во преспанскиот регион, Председателот на МОК, Даниел Димевски со претставници на комитетот остварија средба со спортските работници и спортитстите во Ресен.
На оваа средба МОК донираше вредна спортска опрема и искажа поддршка на спортот и спортистите во насока на унапредување на спортот и условите за работа и поттикнување на олимпискиот дух кај спортистите.
Освен донацијата од маички за најмладите спортисти, беше донирана опрема за џудо и бокс клубовите во ресен, фудбалски и ракометни топки, како и стативи за официјални ракометни натпревари кои се одржуваат во спортската сала во Ресен.