Португалскиот фудбалер Желсон Мартинез е нов играч на Олимпијакос, објави денеска неговиот поранешен клуб Монако.
Желсон во Монако пристигна во 2019 година, а за тимот од Франција одигра 129 натпревари и постигна 16 голови.
За португалската репрезентација играше 21 пати.
Мартинез оваа сезона нема официјален настап за Монако, па сега составот од Грција му е шанса да ја оживее кариерата.