Солскјер на шопинг во Мадрид: Јунајтед ќе купува Шпанец

Откако стана јасно дека Оле Гунар Солскјер ќе остане на клупата на Манчестер Јунајтед, медиумите на островото веќе започнаа со шпекулациите за засилување во јануари.

Веќе добро познато е дека прва желба на Оле е неговиот сонародник, напаѓачот Халанд од Ред Бул Салцбург, но сега има уште една голема желба.

Станува збор за Саул Нигез од редовите на шпански Атлетико Мадрид кој би можело наскоро да го гледаме на „Олд Трафорд“.

Претходно, Саул често се споменуваше како опција и за Манчестер Сити, и тоа за изминатиот летен преоден рок, меѓутоа од Атлетико Мадрид не сакаа ниту да слушнат за сума под откупната клаузула на фудбалерот која изнесува 150 милиони евра.