ОКСМ и Општина Аеродром го одбележаа денот на спортот

Во Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, денеска Олимпискиот комитет и Општината Аеродром го одбележаа 6 април, Меѓународниот ден на спортот.

Присуствуваа претседателот на ОКСМ, Даниел Димевски и директорот на училиштето Марјан Јовановски кои испратија пораки до сите млади за значењето на спортот.

“Спортот може да ги премине сите граници, да го подобри нашето физичко и емотивно здравје и да инспирира надеж меѓу народите, но ќе можеме да се вратиме на ова, само ако закрепнеме подобро и помогнеме во прекинување на пандемијата со тоа што ќе се осигураме дека сите се заштитени од КОВИД-19“, рече Димевски.

Во рамките на Меѓународниот ден на спортот, се одржаа натпревари во кошарка, ракомет, велосипедизам, фудбал, одбојка, атлетика и други спортови, со што сите учесници испратија силна порака за соодветен и долгорочен развој на Олимпизмот, спортот, здравиот живот и фер-плејот.