ОК Струмица организатор на силен меѓународен турнир

Одбојкарскиот македонски шампион Струмица кој во новата сезона влегува со значително засилен тим и високи амбиции ќе има силни тестови.

Од клубот денес преку социјалните мрежи објавија:

75 години традиција, 75 години одбојка во Струмица. Создаваме бренд за препознавање и почит на Македонската одбојка. По тој повод ОК Струмица Никоб ви претставува еден квалитетен турнир со екипи од европски шмек.

ОК Будва – Црна Гора, СЦМ Крајова – Романија, СПЦ МОК Раднички – Србија и ОК Струмица Никоб – Македонија