ОК Струмица Никоб не запира: Пристигна и Канаѓанец со македонско потекло

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб со засилено темпо продолжува да го гради тимот за новата сезона.

Во пресрет на првиот меч на меѓународна сцена против Динамо Апелдорн од Холандија, ангажирано е уште едно ново име.

„Добредојде и за Деан Глобочки, 24 годишниот Канаѓанец со Македонски корени. Среќни сме за неговата преголема желба и мотивираност да се приклучи на нашиот колектив, со сето свое знаење и можности да ни помогне за што подобро издание на европските и домашните натпревари!“, порачаа Струмичани.

Деан е петто странско засилување откако претходно пристапија тројца Руси и еден Колумбиец. А исто така кон клубот пристапија и нашите двајца репрезентативци Стојан Илиев и Филип Деспотовски.