Охрид го врати Ончев од Македонија – бекот од Тримо Требње потпиша на 3 години

Од денес и официјално, повремениот македонски репрезентативец, Тоше Ончев е нов ракометар на ГРК Охрид

Играчот кој игра на левата бековска позиција потпиша договор на три години со клубот од Охрид.

Ончев доаѓа од Тримо Требње, Словенија, а пред тоа 25 годишниот лев бек својата кариера ја градеше во Вардар Јуниор, Вардар, Пелистер, Вернулт и Ст.Марсел Вермон(Франција), Керкира (Грција) и РК Работнички.

“Прво пред се голема благодарност до клубот и управата за довербата што се одлучија за мене да ме доведат во своите редови. Кога ми се јавија да преговараме, ми го кажаа проектот за во иднина и тоа ме привлече да се вратам назад во мојата родна земја.
Се надевам на големи успеси и излез во европа за наредна сезона” – изјави Ончев на својата презентација.