Огромен успех на Хрватите – направија нешто што не е видено на Олимпијадите од 1908 година

И покрај тоа што нема успеси на големите натпреварувања последните години, Хрватска има загарантиран златен и сребрен медал во тенис на Олимписките игри во Токио.

Пласман во финалето обезбедија две двојки од оваа земја. Прво тоа го направија Марин Чилиќ и Иван Додиг кои беа подобри од Даниел и Венус со 2-0, а во финалето ќе играат против своите сонародници. Станува збор за Никола Мектиќ и Мате Павиќ кои ги победија Кајичек и Сандгрен, исто така со 2-0.

Интересно е тоа што само два пати во историјата на Олимпијадите се случило финалистите во тенис во двојки да се од иста земја. Првиот пат во 1904 година кога играле американски двојки, а вториот, четири години подоцна кога се бореле тенисери од Велика Британија.